fbpx

Забрането е користење на цијанидот и сулфурна киселина за идните рудници

-

Собранието на Република Македонија на денешната седница ги донесе измените на Законот за минерални суровини со кои на идните рудници на металични суровини со отворени копови им се забранува употребата на цијанид и на сулфурна киселина во технолошките процеси на флотација или на лужење на рудата.

Оваа законска измена, која не се однесува на постоечките рудници, беше предложена од страна на 11 пратеници од различна политичка провениенција: Лилјана Поповска и Маја Морачанин од ДОМ, Мери Лазарова, Кети Смилевска, Диме Велковски и Сашо Атанасов од СДСМ, Горан Милевски од ЛДП, како и независните пратеници Ивана Туфегџиќ, Ирена Стефоска, Павле Богоевски и Ферид Мухиќ и првично не помина во македонскиот Парламент на седницата одржана на 3 септември минатата година, бидејќи пред гласањето немаше кворум во собраниската сала. Тогаш од ДОМ изразија големо разочарување бидејќи наместо очекуваната поддршка за овој, како што тие го нарекоа „благороден закон“ кој ја штити животната средина и здравјето на граѓаните, се случил тивок бојкот од страна на поединечни пратеници.

По донесувањето на измените на Законот за минерални суровини, од ДОМ потсетија дека за нив стојат и преку 40 невладини еколошки организации.

„После затворањето на рудникот Казандол, ова е уште еден заеднички успех на екологистите во борбата за здрав живот во чиста животна средина и за развој на зелената економија“, истакнаа од ДОМ.

Од струмичките еколошки организации најавија коментар на усвоените измени на Законот за ден-два.

Неофицијално, изразуваат загриженост дека  измените нема да се однесуваат на идниот рудник за бакар и злато Иловица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...