Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на места со остатоци од снег, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на планинскиот премин Пресека, како и на патниoт правец Маврово – Дебар, каде за другите возила задолжително е користење на зимска опрема.
Поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, не се дозволува влез на товарни возила и на автобуси во Грција.
Во клисурите и во засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д.Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.