fbpx

Забрана за камиони на Стража и на Маврово – Дебар поради снежните врнежи

-

Поради снежните врнежи, забрана за движење на камиони е воведена на патот Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и на патниот правец Маврово – Дебар, соопшти Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ).

Снегот што паѓа од ноќеска во поголемиот дел од земјава го отежна патниот сообраќај, забавено се одвиваат градскот и меѓуградскиот превоз, а засега нема значителни проблеми во железничкиот и во авиосообраќајот.

– Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, по влажни коловози во северниот, западниот и во југозападниот дел од земјава, а во другите делови коловозите се наместа влажни. Во раните утрински часови врнежи од снег со послаб интензитет се бележат во Крива Паланка, Страцин, Куманово, Тетово, Гостивар, планинскиот превој Стража, Кула и во Маврово. На Попова Шапка врнежите од снег се со среден интензитет. Врнежи од слаб дожд се бележат во Охрид и во Дебар – се наведува во утринскиот извештај на Автомото-сојузот на Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пропаганда за украинските деца депортирани во Русија одекна од европратеникот Де Грааф

Наспроти изнесеното во неговиот говор, украинските деца се депортирани во Русија и Комитетот на ОН ја обвинува за злоупотреба на правата на украинските деца. Од почетокот на воената инвазија,...