fbpx

За в година се подготвуваат нови програми и нови учебници по информатика

-

Седмоодделенците во Македонија, на часовите по информатика користат учебник издаден во 2009 година. Учебникот е комплетно нефункционален затоа што содржината не кореспондира со она што го налагаат современите текови во таа област.

По пишувањето на „Мета“ дека и средношколците учат програмирање со учебник од 2010 година, во Министерството за образование и наука со одговор дека се подготвува нова програма и нов учебник дури следната година.

„Учебникот по предметот информатика за седмо одделение кој се користи во моментов е издаден во 2009 година. Бирото за развој на образованието најави и ќе изготви нов наставен план и нова наставна програма кои ќе се применуваат од следната учебна 2019/2020 година. Врз основа на новата наставна програма, Педагошката служба ќе изготви и нов учебник. Исто така и по предметот програмирање во средното образование, ќе биде изготвен нов учебник откако Центарот за стручно образование и обука ќе изготви и ќе биде усвоен нов наставен план и програма“, велат од МОН.

Во средните стручни училишта проблемот со недостиг, но и со неквалитетно напишани учебници е најизразен. Стручното образование секоја година запишува далеку помал број ученици споредено со гимназиите, а малиот тираж, како што велат од министерството, не е доволна мотивација за професорите да напишат учебници. Таму се учи од стари учебници, а само еден од проблемите е тоа што не се учи програмирање од помагало старо осум години, зашто за тој период многу работи во дигиталните технологии се напреднати.

И во основното и во средното образование се` уште се чека да стасаат учебници кои се нарачани. Учебник по информатика нема ниту за шесто одделение, иако има нова наставна програма.

Заменик-министерот Петар Атанасов за „Мета“ неодамна изјави дека ќе бара начини да ги мотивира професорите во средното стручно образование да пишуваат учебници, за да нема недостиг од помагала како што има сега.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...