fbpx

За цела плата повредените кај Ласкарци треба да се пријават во Инспекторатот за труд

-

Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР) порача дека повредените во автобуската несреќа кај Ласкарци кои се враќале дома од работа треба од нивните работодавачи да бидат пријавени во Државниот инспекторат за труд, за да може во текот на боледувањето да добиваат плата во износ од 100 отсто, а по враќањето на работното место треба да бидат упатени на дополнителен лекарски преглед за да се утврди нивната работна способност.

МЗЗПР, упатувајќи со чувство на семејствата на загинатите и желба за побрзо заздравување на повредените, потсетува дека бидејќи според информациите повеќето од повредените и загинатите се враќале од работните места дома, се смета дека и при патувањето биле на работа.

„Според Законот за безбедност и здравје на работа (92/07) сите кои биле во работен однос, а патувале кон својот дом и се повредиле или загинале во сообраќајната несреќа, потребно е од страна на работодавачите да бидат пријавени во Државниот инспекторат за труд како несреќи на работното место. Нагласуваме дека непостапувањето на овој начин е прекршување на Законот и е предмет на прекршочна постапка“, порачуваат од здружението.

Доколку тоа се стори, на повредените ќе може да им се исплаќа 100 отсто од платата во текот на боледувањето, бидејќи нивните повреди се сметаат за повреди на работно место. При други причини за боледување, платата е пониска и во некои случаи стасува до 70 отсто, објаснуваат од Македонско здружение за заштита при работа.

„Отсуството од работното место да биде заведено како „повреда на работа”, а со тоа, во понатамошниот работен век, доколку се појават одредени компликации, истите да може да се утврдат од каде потекнуваат и да се придонесе за превенција“, се вели во соопштението.

Заинтересираните за повеќе информации може да се обратат на 02 2774 868 или [email protected].

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...