fbpx

За шест дена УЈП, МВР и ДПИ извршиле контроли во 92 локали

-

Екипи на СВР Скопје, Упрвата за јавни приходи (УЈП) и на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) вчера извршиле контроли во 16 угостителски објекти во Скопје.

Со последната акција, во изминативе шест дена вкупниот број на локали во кои биле извршени контроли изнесува 92, од кои 34 биле казнети од УЈП и д ДПИ, односно им биле изречени глоби во висина од околу 87.000 евра, поради констатирани неправилности во работењето, соопшти МВР.

Покрај локалите, инспектори на УЈП и на ДПИ казниле и дваесетина гости кои биле затекнати како пушат цигари во угостителските објекти.

Забрани за вршење на дејност од 15 дена им биле изречени на 14 локали, додека пет угостителски објекти се затворени на 30 дена.

Во вчерашната акција, според МВР, во два локали не биле констатирани никакви неправилности, во шест не била извршена контрола бидејќи биле затворени, додека во неколку од останатите, инспектори на УЈП и на ДПИ утврдиле неправилности во врска со законот за пушење, нормативите за храна и неиздавање фискални сметки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...