fbpx

За СДСМ актуелниот буџет е нереален, за ВМРО-ДПМНЕ со ребалансот ќе биде партиски

-

На денешната комисиска расправа за ребалансот на буџетот во Собранието, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека тие сметаат дека тој е направен по желбата на СДСМ за да се партизираат институциите, а од СДСМ, пак, посочија дека сметаат дека буџетот за 2017 година е предимензиониран и затоа е потребен ребаланс.

Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека со ребалансот, буџетот ќе биде неразвоен, бидејќи се кратат 78 милиони евра за капитални инвестиции.

„Не можете да кажете дека инфраструктурните проекти, кои се капитални, кои носат бенефит за економијата, за развојот на инфраструктурата, за подобрување на животниот стандард, биле закочени поради одредени грешки во проектната документација. Тоа е целосно незнаење како еден инфраструктурен проект од капитално значење треба да ја помине фазата. Вие немате капацитет тие инфраструктурни проекти да ги завршите“, рече Затуроска.

Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ, исто така, обвини дека не слушнала за ниту еден конкретен проект кој со ребалансот на буџетот треба да се реализира до крајот на годината.

Панче Иванов од СДСМ, пак, истакна дека буџетот за 2017 година бил предимензиониран.

„Се добива впечаток дека кога буџетот се носел бил предимензиониран, без реални очекувања и проценка. Предвидувањата биле максимални, дека сè што е планирано ќе се реализира“, рече Иванов.

На денешното второ продолжение на расправата за ребалансот на буџетот на Комисијата за финансирање и буџет, тема беа и партиските вработувања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...