fbpx

За руската агенција „Спутњик“ земјава е „С. Македонија“

-

Руската новинска агенција „Спутњик њус“, порано позната како „РИА Новости“ и „Гласот на Русија“ веќе ја преименува Република Македонија во Северна Македонија.

Со наслов „Грција, С. Македонија, почнаа да разговараат и покрај идентитетскиот конфликт“, руската агенција која е дел од владиниот медиумски конзорциум „Росија Сегодња“, во понеделникот објави интервју со професорот Неофитос Лоизидес од универзитетот Кент, Велика Британија, за најновите случувања околу Договорот со Грција и деценискиот спор на двете земји, а во насловот земјава ја наведе како „С. Македонија“.

Со оглед на фактот дека станува збор за државна новинска агенција, која е директно под капата на руската влада, преименувањето би можело да се сфати како сигнал на официјалната руска политика дека уставните измени во македонското Собрание се веќе готова работа, и Македонија ќе го прифати името Северна Македонија, како главен сегмент на Договорот од Преспа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...