fbpx

За притворениот Талески, Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска се „некои двајца луѓе“

-

„Некои двајца луѓе“. Вака денеска битолскиот градоначалник, Владимир Талески ги нарече поранешните министри за финансии и за внатрешни работи и негови сопартијци, Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска, кои во еден од прислушуваните разговори зборуваат за случајот со превозот на ученици во Битола и „скандалот“ што го направил градоначалникот.

– Ќе повторам дека не може од еден телефонски разговор што го водат некои двајца луѓе за некој трет (Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска за Владимир Талески н.з.), овој третиот да биде обвинет дури и за кривичен прекршок – изјави Талески, кој денеска, како осомничен, присуствуваше на јавната седница во Апелацискиот суд во Скопје за продолжувањето на куќниот притвор.

Тој по седницата, зборувајќи во прво лице множина рече дека нема сторено никаков кривичен прекршок и дека се чуствува апсолутно супериорно бидејќи вистината е на негова страна.

Инаку, во прислушуваниот разговор, поранешните министри за финансии и за внатрешни работи, Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска за Талески рекоа: „Се изнервирав дополнително со ова копилево од Битола, Владо Талески, пи*ка ли му матер… Абе ни напраи скандал со овие превознициве… До 2010, до јуни, склучен е договор со „Транскоп“, коруптивен до даска, у кој што по поединечен ученик договорените цени му се 10 пати повисоки отколку после тоа, отколку денес шо важат цените со приватни превозници се договорите… Кај што е неспособен, уште тежок криминалец, ама и перфиден актер она, глумец… Лигле… Значи блефер, професионален е. Другиве блефираат, ама така приучени, ама овој е професионалец, професија му е тоа…

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...