fbpx

За осум месеци во сообраќајки во Македонија загинале повеќе од 90 луѓе

-

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) на почетокот на продолжениот празничен викенд апелираше до сите учесници во сообраќајот  да бидат внимателни и одговорни, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, да внимават на правилата за ограничување на брзината, да не престигнуваат неправилно и да не управуваат моторно возило под дејство на алкохол.

„Карактеристични за секој продолжен викенд се зголемениот интензитет на сообраќај и поголемата фреквенција на автомобили, а тоа во комбинација со неодгoворното учество во сообраќајот може да доведе до зголемување на бројот на сообраќајни незгоди и до зголемување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди“, се вели во соопштението од РСБСП.

Советот објави и неофицијални статистички податоци, кои покажуваат дека од почетокот на годината досега, 91 лицe го загубиле животот во сообраќајни незгоди на патиштата во Република Македонија, од кои 48 лица во првите шест месеци и дури 43 лица во месеците јули и август.

„Анализите и статистиката покажуваат дека за време на продолжен викенд особено е голем бројот на сообраќајни незгоди предизвикани од само еден учесник во сообраќајот, односно излетување на возилото од коловозот поради брзо возење, возење под одвлечено внимание или поради возење под дејство на алкохол. Комбинацијата од сите три фактори речиси секогаш е фатална. Неправилното пристигнување и недржење страна и правец на движење, исто така спаѓаат во групата на водечки причини за сообраќајни незгоди од посериозен карактер“, се вели во апелот од Советот за безбеднoст во сообраќајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...