fbpx

За осум дена може да биде закажано судење за обвиненијата на СЈО, вели Јанева

-

Судот во наредните осум дена може да закаже рочиште за двете обвиненија што вчера ги поднесе Специјалното јавно обвинителство, изјави денеска специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

– Тие се во скратена постака, а рокот на закажување е осум дена. Судот може веднаш да го заврши тоа, во рок од осум дена да закаже рочиште, а ние сме подготвени за судење – изјави денеска специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Од Кривичниот суд велат дека обвиненијата од СЈО се пристигнати и дека треба да бидат распоредени кај судии што ќе постапуваат по нив.

Специјалното јавно обвинителство вчера ги поднесе првите две обвиненија. Како што образложи обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, едното е за уништување на документација поврзана со опремата од нелегалното прислушување, а другото за насилствата пред Општина Центар, кои се случија во јуни 2013 година.

За уништувањето на документацијата обвинети се седум лица, вработени во петтата управа на МВР, а за насилствата пред Општина Центар, СЈО гони вкупно 14 лица, од кои петмина се обвинети за поттикнување на нередите, а другите девет биле извршители.

Обвинителите на СЈО вчера, повикувајќи се на начелото за презумција на невиност, не сакаа да го откријат идентитетот на ниту еден од осомничените. Сепак, имајќи ги предвид прислушуваните разговори што минатата година ги објави СДСМ, извесно е дека првоосомничени за насилствата во Центар се поранешниот премиер и актуелен лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...