fbpx

За медиумите, сè уште далеку од договор и од решение – утре „нов“ краен рок?

-

Утре е последен ден до кога треба да финализираат преговорите за медиумската сфера на работните групи потписнички на Договорот од Пржино. Според информациите што доаѓаат од преговарачките тимови, тие сè уште се далеку од договор и од решение за клучните работи кои се интерес на разговорите.

Неофицијално се дознава дека договорот за владините реклами ќе оди најтешко. СДСМ смета дека владините реклами до изборите треба да запрат како на јавниот сервис така и на комерцијалните телевизии.

Власта, пак, не се согласува со тоа и се залага тоа да биде ограничено само на „Македонската радио-телевизија“, но не и на приватните телевизии, весниците и на порталите.

Сè уште е далеку од решение и прашањето поврзано со улогата на МРТВ и промените што треба да се случат во информативната редакција и во првиот програмски сервис.

Се разговара и за начинот на финансирање на МРТВ и за тоа дали тоа да биде како досега, со радиодифузна такса, или, пак, да се обезбеди посебна ставка во буџетот.

До утре партиите треба да го договорат законот за медиуми, како и измените во Агенцијата за медиуми и во Македонската информативна агенција (МИА).

Претходно, претставници на медиумите и на новинарските здруженија во Клубот на пратеници имаа средба со белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, на која го информирале за реформите што треба да се направат за да се подобри состојбата со медиумите.

Како што веќе објави „Мета“, МРТВ го прекина објавувањето владини реклами и кампањи финансирани од буџетот на Република Македонија.

Според наши извори, вработените на МТВ пред неколку дена добиле наредба да не пуштаат владини реклами во временските интервали што досега биле предвидени за тоа.

Оваа одлука на МТВ стигнува по соопштението на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми објавено вчера, во кое таа ги известува медиумите дека од 10 ноември 2015 година стапи на сила законот за изменување и за дополнување на Изборниот законик.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...