fbpx

За Кривичниот суд, снимката со дадилката што малтретира бебе е прифатлив доказ

-

Судот не го прифати барањето на адвокатот на дадилката Т.С., осомничена за запуштање и за малтретирање малолетно дете, да ја издвои снимката од камерата како доказ во судската постапка. За Кривичниот суд ваквото барање е неосновано.

„Бранителот на осмоничената во барањето навел дека снимката приложена во доказниот материјал претставува доказ кој е прибавен на незаконски начин, бидејќи не е добиена како резултат на посебни истражни мерки (ПИМ) во согласност со ЗКП и потврдата за привремено одземени предмети и наредбата за вештчње се доказ кои произлегуваат од незаконски направена снимка, па затоа во согласност со законските одредби побара цитираните докази да се издвојат и истите да не претставуваат доказ во понатамошниот тек на постапката“,соопштуваат од судот.

Но, од судот велат дека по добивање на барањето, судијата на претходна постапка прибавил увид во предметот со кој на осомничената ѝ беше определен притвор. Судот побарал мислење од Основното јавно обвинителтво и извршен е увид, по што одлучил дека снимката е прибавена на законит начин и е извадена од мемориска картичка, која, пак, претходно била дадена на МВР од таткото на оштетеното малолетно дете, за што е составена и потврда за привремено одземени предмети.

„Имено судијата на претходна постапка цени дека прибавената снимка, која ја оспорува бранителот, согласно чл 250 ст.1 од ЗКП, може да служи како доказ во кривична постапка, иако за конкретниот кривично правен настан не е издадена посебна истражна мерка од страна на судот, бидејќи, видеоматеријалот е снимен во приватен имот, односно станот кој е сопственост на таткото на оштетеното малолетно дете, а видеокамерата била поставена пред сè за заштита на приватноста на станот и безбедноста на сега оштетеното дете“, соопштуваат од судот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...