fbpx

За компаниите од металната индустрија е од големо значење отворањето на странските пазари

-

Денеска, првпат во Македонија, се одржа конференција за вмрежување на компаниите од македонската лесна метало-преработувачка индустрија со странски купувачи, насловена „Macedonia Manufacturing Expo.“

На конференцијата присуствуваа 48 компании од Македонија во својство на доставувачи и 18 компании, од кои 16 странски, во својство на купувачи.

„За компаниите од металната индустрија е од големо значење отворање на странските пазари, а оваа конференција е можност за почеток на некаква соработка. Нашите производи се, пред сè, наменети за извоз и неопходна ни е помош во тој сегмент, бидејќи полесно е да се пробива пазарот заеднички, отколку поединечно“, изјави претседателката на Aсоцијација на метална и електроиндустрија, Марта Наумовска-Грнарова.

Меѓу потенцијалните купувачи беа и големи меѓународни компании, како „Сименс“ и „Скаутби“. Во текот на конференцијата беа одржани 140 деловни состаноци меѓу компаниите, од кои се очекуваат нови бизнис-зделки. Покрај директните деловни средби помеѓу домашни и странски купувачи, на конференцијата ќе се зборува за трендовите и за новите технологии во индустријата.

Американскиот амбасадор Џес Бејли истакна дека САД веќе 10 години го поддржува развојот на лесната индустрија во Македонија.

„На пример, проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси работеше со индустријата и со институциите на создавање на податочна база чија цел е прибирање и промовирање на податоци за производите на повеќе од 200 македонски компании од овој сектор. Ова споделување на информации е важен ресурс за економските промотори кои работат на привлекување странски инвеститори“, изјави Бејли.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...