fbpx

За Градот во ред се јавните манифестации на загаден воздух – оти биле однапред планирани

-

„Сите манифестации кои се одвиваат на отворено, а се организирани или поддржани од Град Скопје и скопскиот градоначалник се однапред планирани активности и не сме можеле да знаеме колкав степен на загадување ќе има тогаш кога тие ќе се одржат“, е одговорот на службата за информирање на Градот на прашањето зошто Шилегов и локалната самоуправа организираат манифестации на отворено во Скопје и во услови кога загадувањето на воздухот е енормно, како што се случува денес и изминатите два дена.

Надлежните од Градот сметаат дека не е проблем тоа што се организираат свечености и јавни настани на отворено во Скопје и во зимски услови кога има значително пречекорување на граничните вредности на аерозагадувањето бидејќи „такви настани се пракса и во други градови, а не само во Скопје“.

Во центарот се одржуваат манифестациите на „Винтерленд“ на Град Скопје.

Вчера градоначалникот Шилегов ја отвори и трката на Дедо Мразовците во центарот на градот.

Според мерењата достапни на сајтот на Министерството за животна средина и просторно планирање во деновите на викендот биле забележани високи вредности на ПМ10 честички во воздухот – во саботата биле измерени просечни 176 микрограма на кубен метар, додека во неделата 162.

Министерството за животна средина денес објави дека е надминат законскиот праг за алармирање за аерозагадувањето што треба да ги активира вонредните мерки од два последователни дена загадување над дозволените вредности.

Претходно, на почеток на декември, кога исто така беа надминати граничните вредности повеќе од два дена последователно, не беше алармирана јавноста, затоа што, според заменик-министерот Јани Макрадули „минатиот пат беше јасно дека за кратко време ќе дува северен ветер и тоа е композит-одлука која зависи од два фактори, и од податоците на хидрометеоролошкиот завод и од мерните станици и затоа тогаш не се прогласи“. Затоа денес имаме надминат праг на информирање и за тоа е информирана јавноста и институциите коишто се задолжени за тоа“, изјави денес Макрадули.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...