fbpx

За градоначалникот на Тирана, Националниот театар е „фашистичка зграда и кoњска штала“

-

Законот со кој би се урнал Националниот тетар за да се изгради нов, во Албанија не престанува да биде главна тема во јавноста. Законот беше изграсан од мнозинството на 5 јули 2018 година и покрај постојаните протести од здруженијата на актерите и активистите.

veliaj fake news

Според законот, новиот тетар би бил изграден на местото на постојниот Национален театар преку јавно-приватно партнерство. Со тоа, наводно, компанијата понудила да го изгради „бесплатно“ театарот во замена за парцела на државно земјиште која би ја добила во близина на тетарот.

Противниците на законот велат дека целата зделка е неуставна и го повредува Договорот за асоцијација и стабилизација со ЕУ кој Албанија го склучи во 2003 година.

Многу историчари, професори и архитекти укажуваат на вредноста на постојниот објект и даваат аргументи за културната, историската и архитектонската вредност на зградата.

Но и покрај тоа градонашалниот на Тирана, Ерион Велиај, во твит пред неколку дека продолжува театарот да го нарекува „фашистичка зграда, логор, коњска штала“, а тие кои протестираат дека се „лажговци“.

На овој проект му се спротивставува Europa Nostrа, организацијата која се занимава со културносто наследство на Европа и вели дека овој објект, изграден во 1938 година, е еден од најистакнатитие културни центри на Тирана“ и дека е „последниот преживеан историски белег на главниот град“.

Градоначалниот го избриша твитот и коментарите под него од граѓаните кои го критикуваа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...