fbpx

За една седмица, осум смртни случаи поврзани со грип

-

Во текот на изминатата седмица, регистрирани се осум смртни случаи асоцирани со грип, информира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Оттаму појаснуваат дека се работи за пет лица од Скопје и по едно од Делчево, Охрид и Кавадарци.

„Возраста на починатите се движи од 12 до 70 години. Кај седум лица е утврдена претходна хронична болест/ко-морбидитет. Кај сите починати е докажан инфлуенца А вирусот, од кои кај петмина е потврден А(H1pdm) вирусот на грип“, стои во последниот извештај на Интитутот.

Инаку во текот на деветтата седмица од оваа година, во Македонија се пријавени 2.678 случаи со заболувања слични на грип, што е за 16,5 отсто помалку во споредба со минатата недела. Бројот на пријавени лица оваа недела е помал за 3,7 отсто споредено со деветата недела од минатата сезона.

Регистрираната бројка случаи оваа недела е над неделната граница на сезонска (ниска) активност на вирусот на грип, согласно МЕМ моделот за одредување на интензитет на активноста на сезонски грип.

Од почетокот на сезоната 2018/2019, во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ, пристигнати се вкупно 544 материјали од амбулантски и болнички лекувани пациенти од редовниот и од сентинел надзорот. Од пристигнатите материјали, 293 (53,9 отсто) се позитивни за присуство на вирусот на инфлуенца, сите инфлуенца А.

Инаку, вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување, затоа ИЈЗ препорачува вакцинација на целото население, особено за лица кои припаѓаат на ризични групи.

„Според податоците добиени од Управата за електронско здравство, вакцинирани се вкупно 19.992 лица со бесплатни вакцини против сезонски грип (лица постари од 65 години со просечна, потпросечна пензија или без примања), односно 71,4 отсто од вкупниот број на набавени вакцини. Најголем број од вакцинираните се на возраст над 65 години – 10.977 лица (56,7 отсто). Од категоријата на здравствени работници, вакцинирано е 801 лице. Од вкупниот број вакцинирани, 14.111 лица (72,9 отсто) се со историја на хронично заболување“, пишува во извештајот на Институтот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...