fbpx

За една недела казнети 1.140 учесници во сообраќајот

-

СВР-Скопје изминатата недела спроведе зајакнати контроли на подрачјето на Град Скопје и од страна на сообраќајната полиција санкционирани се вкупно 1.140 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.

Кај 44 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, 79 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 60 возачи, кај 24 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, 98 возачи управувале возила надминувајќи ја  дозволената брзина и 69 возачи управувале возило со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, изречени се 79 прекршоци за некористење сигурносен појас, 38 прекршоци за зборување на мобилен телефон, 27 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и на пешачки премин, 322 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, за недавање првенство на минување изречени се 10 прекршоци, за недавање првенство на минување на пешаци изречени се седум прекршоци, за непрописно престројување изречени се 30 прекршоци, 55 прекршоци направиле пешаци, кај 10 возила е утврдена техничка неисправност, за непрописно престигнување изречен е еден прекршок и со пајак-возило подигнати се вкупно 405 возила.

СВР-Скопје, стои во соопштението, ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли по однос на прекршоци што доведуваат до сообраќајни незгоди и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се намали бројот на сообраќајни незгоди.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...