За Божик во Франција ќе има 100.000 полицајци


       
Париз, 23 декември, 2017 - 11:01 (META) 

Во Франција во недела и во понеделник ќе бидат распоредени речиси 100.000 припадници на полициските и другите безбедносни сили за да се осигури безбедноста за време на славењето на Божик.

Ова го соопшти францускиот министер за внатрешни работи Жерар Коломб.

-На целата територија на Франција на 24 и 25 декември ќе бидат распоредени 97.000 припадниците на силите за безбедност – рече Коломб. Ова претставува 6.000 луѓе повеќе во споредба со минатата година.

Министерот оцени дека христијанскиот празник може да биде мета на повеќе терористички закани и додаде дека апсолутен приоритет е безбедноста на Французите и сите туристи.

Во терористички напади во Франција од 2015 година загина 241 лице.