fbpx

За 25 проценти се зголемува надоместокот за згрижувачки семејства

-

На последната седница, Владата усвои измени во Законот за социјална заштита, во корист на згрижувачките семејства и на лицата со инвалидност.

Се воведува зголемување на паричниот надоместок за згрижувачките семејства за цели 25 проценти, почнувајќи од јули годинава, информираше на денешната прес-конференција министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Тој посочи и дека се воведува можност за рефундирање средства, односно данок и царина за набавка на патнички автомобил за сопствени потреби од страна на лицата со 80 проценти инвалидитет на долните екстремитети, како и за целосно слепите и глуви лица со придружник.

– Со првата измена ќе бидат опфатени околу 175 згрижувачки семејства, кои згрижуваат 315 лица, но, исто така, ова ќе биде поттик што поголем број граѓани да станат згрижувачи, да се вклучат во оваа хумана и благородна мисија. Во згрижувачки семејства може да бидат згрижени деца без родители и без родителска грижа, деца со воспитно-социјални проблеми на училишна возраст, како и лица со умерени и тешки пречки во менталниот развој и лице упатено на оспособување за работно-производствена активност, лице со најтешки пречки во менталниот развој, лице со трајна телесна попреченост, старо лице, возрасно лице со телесна попреченост, како и возрасно лице со пречки во менталниот развој – истакна Спасов.

Доколку некој згрижувач згрижил дете без родители, досега земаше надоместок од 6.500 денари, а сега ќе зема 8.125 денари.

Згрижувач на дете со воспитно-социјални проблеми од јули годинава ќе зема 9.375 денари наместо, како досега, 7.500 денари.

Згрижувачите на лица од останатите категории досега земаа по 8.500 денари, а со зголемувањето надоместокот ќе изнесува 10.625 денари.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...