fbpx

За 24 часа издадени се 32 потврди за барање азил

-

Министерството за внатрешни работи, врз основа на измените и дополнувањето на Законот за азил, вчера издаде потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил во Република Македонија на 32 странски државјани што илегално влегле во земјава.

Според податоците на МВР, во периодот од 19 јуни до 15 јули издадени се потврди на вкупно 13.724 странски државјани, од кои, 10.398 се од машки пол, 1.741 се од женски, 1.454 се деца што го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 131 дете кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

МВР соопшти дека според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 9.877, потоа Авганистан – 1.113, Ирак – 751, Пакистан – 490, Сомалија – 374, Палестина – 334, Конго – 248, Камерун – 100, додека другите се во помал број.

Од почнувањето на издавањето на потврдите до 15 јули, до Одделението за азил се поднесени 32 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 23 барања се од државјани на Сирија, од кои шест за деца, три барања се од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко и од Алжир и по едно барање од државјани од Египет и од Ирак.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...