fbpx

Вук Јеремиќ потврди дека ќе се кандидира за претседател на Србија

-

Поранешниот министер за надворешни работи на Србија и директор на Центарот за меѓународна соработка и одржлив развој (ЦИРСД), Вук Јеремиќ, денеска потврди дека ќе се кандидира за претседател на Србија, додавајќи дека тоа ќе го направи затоа што ја сака Србија и нема да се согласи на нејзино пропаѓање.

Јеремиќ истакна дека доколку биде избран, ќе биде претседател на сите граѓани, дека ќе се залага за економски подобра Србија, зголемување на извозот, дека ќе инсистира на воена неутралност и дека еден од првите приоритети ќе му биде укинувањето на законот за намалување на пензиите и спречувањето на одливот на мозоци.

– Јас сум подготвен моето знаење, искуство и меѓународни контакти да ги ставам на располагање на мојот народ. Се кандидирам затоа што ја сакам Србија – рече Јеремиќ.

Говорејќи за односите во регионот, тој рече дека соработката мора да биде многу поблиска и поискрена отколку што е денеска и додаде дека односите со Босна и Херцеговина се од суштинско значење за целиот регион.

Тој додаде дека е време да се застане на патот на владеењето на луѓе кои во 90-тите години на минатиот век барале од луѓето да се жртвуваат себеси и своите најблиски во војните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...