fbpx

Вучиќ: Убиството на Ивановиќ е терористички акт, бараме учество во истрагата

-

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека убиството на Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби, е терористички акт и дека Србија ќе бара да учествува во истрагата на Косово.

– За Србија ова е терористички акт и така ќе се однесуваме кон него – изјави Вучиќ на прес-конференцијата по седницата на Советот за национална безбедност на Србија.

Тој рече дека е испратено писмо до УНМИК и Еулекс со барање државните органи на Србија да учествуваат во спроведуавњето на истрагата на Косово.

Вучиќ изјави дека очекува Обвинителството за организиран криминал на Србија денеска да отвори предистражна постапка, додавајќи дека доколку не биде одобрено барањето за учество, Србија ќе води посебна истрага.

Српскиот претседател ги предупреди „сите во Приштина и во некои други центри на моќ“ да не помислуваат да го искористат убиството на Ивановиќ како причина за да „стават чизма на северот на Косово“.

Тој наведе и дека Србија добро ги разбрала заканите на претседателот на косовското собрание, Кадри Весељи, кого нарече „вистинскиот господар на Косово“.

– Вистинските господари на Косово не се Тачи и Харадинај, туку Кадри Весељи кој зборува дека Албанците нема да се запрат се до Ниш. Ние ги разбравме таквите закани и добро ги сфативме, како и молчењето на оние кои требаше веднаш да реагираат. Нашиот одговор е дека нема да стигнат до Ниш, можат да го посетат како туристи, а да доаѓаат со војска, тоа нека го заборават – рече Вучиќ, додавајќи дека во една земја која дејствува во рамките на КФОР постои идеја да ги прекинат заедничките контроли на административната линија со војската на Србија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...