fbpx

Вучиќ: Со протестите се спроведува „македонско сценарио“

-

Студентите кои веќе осум дена, незадоволни од резултатите на претседателските избори во Србија, организираат протести во Белград и во другите градови во земјата, соопштија дека бараат комплетна смена на политичката елита на чело со Александар Вучиќ, фер и слободни избори, како и укинување на диктатурата.

Вучиќ, пак, како одговор на нивните барања, вели дека тие спроведуваат „македонско сценарио“.

Барањата, за кои како што се тврди, се усогласени преку „Фејсбук“, испратени се до медиумите од Студентското движење на Нови Сад и од белградското движење „Протест против диктатурата“.

Во реакцијта на Вучиќ се вели дека учесниците на протестот се изманипулирани и ги обвини политичките противници, пред сè, противкандидатот на изборите, Саша Јанковиќ, дека сакаат да ја воведат земјата во нестабилност, но дека тој нема да го дозволи тоа.

– Реков претходно, пред изборите, дека се обидуваат да спроведат „мкедонско сценарио“ и чекав до тоа да дојде – рече Вучиќ синоќа за телевизија „Хепи“.

Тој додаде дека очекува да се обидат да предизвикаат уривање на парламентот поради што, како што додаде, не може во целост да се исклучи можноста да дојде до вонредни избори „затоа што во хаос нема да може да се работи“.

Осмиот „Протест против диктатурата“ во Белград траеше околу три часа и помина без инциденти, а за денеска е најавено ново собирање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...