fbpx

Вучиќ: Шокиран сум од најавите на Унгарија дека ќе дигне ѕид на границата

-

Александар Вучиќ, премиер на Србија, изјави дека е изненаден од најавата дека Унгарија ќе изгради ѕид долж српско-унгарската граница поради проблемите со мигрантите. Тој нагласи дека тоа нема да биде решение бидејќи Србија не е виновна за тој проблем. Вучиќ најави и разговори со унгарските власти.

Според најновиот извештај на УНХЦР, бројот на бегалците и внатрешно раселените лица во 2014 година бил на рекордно ниво од 59,5 милиони луѓе, што е за 8,3 милиони повеќе отколку во 2013 година.

Минатата година секој ден во просек 42.500 луѓе биле принудени да ги напуштат родните места.

Високиот комесар на ОН за бегалци, Антониу Гутериш, истакна дека хуманитарните организации се немоќни да се справат со ситуацијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...