fbpx

Вучиќ се извини за податок прочитан од „кромид“ вест

-

Двајца работници загинаа во петокот на градилиштето „Белград на вода“, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ јавно им се извини на граѓаните што по тој повод, јавно изнел неточен податок дека во САД на секои десет секунди гине по еден мијач на прозори.

На денот на несреќата Вучиќ изјавил дека тоа е „голема трагедија“, но потоа го прочитал податокот дека во Америка на секои десет секунди загинува по еден мијач на прозори и тоа го повторил неколку пати.

Вучиќ утредента им се извини на граѓаните поради неточните изјави наведувајќи дека бил заморен, па не размислил за веродостојноста на податоците и дека излегол глупав. Тој додал дека податоците ги добил од својот советник, но се покажало дека биле преземени од сатиричниот сајт „Онион“ (The Onion).

Резултатите од истрагата за околностите во кои загинаа двајца работници се уште не се соопштени. Во Србија од почетокот на годините, загинале 28 работници помеѓу кои и оние кои работат на црно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...