fbpx

Вучиќ: Приштина го опструира дијалогот, а ЕУ го толерира тоа

-

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, ја обвини денеска Приштина дека ги опструира разговорите во Брисел затоа што не сака да се постигне договор, а за претставниците на Европската Унија рече дека го толерираат тоа.

Вучиќ рече дека ЕУ „нема храброст да каже дека Приштина е виновна за кршењето на договорот“. Тој оцени дека на Србија најмалку ѝ одговара евентуален прекин на дијалогот и каква било криза, затоа што постигнува успех во економијата. Исто така, тој додаде дека предизвикувањето на кризата ѝ одговара на таа страна што има проблеми и која ги решава така што создава регионални проблеми.

На заедничка конференција за новинари по средбата со премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, Вучиќ рече дека дијалогот со Приштина нема да бидеме прекинат затоа што мора уште да се разговара.

Марковиќ рече дека Црна Гора во целост ја следи ситуацијата и дека целосно го поддржува дијалогот Белград – Приштина и дека „нема друга алтернатива освен дијалог“. Тој рече дека мора да се направи сè за да се зачуваат мирот и стабилноста на Западен Балкан и дека земјите во регионот мораат да знаат кои се нивните интереси и како да ги зачуваат.

– Овие денови се појавуваат гласови кои би можеле да го загрозат сето она што веќе сме го усвоиле. Мораме сите да направиме сè за на Балканот да има мир и стабилност затоа што ако нема, тогаш губиме можност да ги искористиме развојните шанси – додаде Марковиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...