Вучиќ: Подготвен сум да ги продолжам разговорите со Косово


       
Белград, 16 октомври, 2018 - 16:33 (META) 

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска порача дека и понатаму е подготвен да разговара со косовските функционери за решавање на проблемот со Косово, но и дека му се чини оти сега шансите за позитивен исход се помали од претходно.

На прашањето дали неговиот предлог за разграничување значи дека Србија ќе го задржи северот на Косово, а Косово ќе добие три општини од југот на Србија (Медвеѓа, Прешево, Бујановац), Вучиќ рече дека сакал да се утврди границата помеѓу Србите и Албанците, за која сега никој не знае каде е, оти зависи од тоа што мислат Русија и Америка, Кина и Германија, Србите и Албанците.

Вучиќ нагласи дека наспроти се е подготвен да ги продолжи разговорите со косовскиот претседател Хашим Тачи, па и во Париз на 11 ноември, но му е малку чудно што бара Тачи на одбележување на крајот на Првата светска војни, бидејќи на свеченоста учествуваат силите-победнички и учесниците во војната.

Српскиот претседател кажа и дека му пречат поединечни гласови од меѓународната заедница коишто се противат на промената на границите и тврди дека со тоа се отвора Пандорината кутија.

– А тие тоа го направија во 2008 година со Косово или во 2006 година, а пред тоа и во 1990-те години. И на тоа нема одговор – вели Вучиќ.