fbpx

Вучиќ по средбата со Заев: Македонија во Србија има искрен пријател

-

Доброто пријателство меѓу Македонија и Србија е исклучителен потенцијал за продлабочување на односите помеѓу двете земји, бил заклучокот на денешната средба помеѓу премиерот Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград.

Заев и Вучиќ се договориле да продолжат заедничките проекти кои придонесуваат за евроинтеграцијата на двете држави.

„Од особен интерес е соработката и на безбедносните прашања, економската и социјална благосостојба на граѓаните на двете земји, како и регионалните иницијативи за кои и од Република Македонија и од Република Србија има особено голем интерес“, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Вучиќ по средбата со Заев изјави дека Македонија во Србија има искрен пријател, информираа од кабинетот на српскиот претседател.

Според Вучиќ, заедничка цел и најголем интерес на двете земји треба да бидат мирот и стабилноста на регионот и дека Србија е отворена за сите инцијативи кои ќе придонесат за тоа.

Вучиќ ја истакнал поддршката на Србија на европскиот пат на Македонија и нагласил дека Србија избрала воена неутралност, а Македонија членство во НАТО, но дека е неопходно секоја земја да го почитува изборот на другата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...