fbpx

Вучиќ: Не ми пречи што Заев ме навредува, важно ми е како ќе се однесува кон Србија

-

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека не го интересираат внатрешните односи во Македонија, ниту дали мандатарот за состав на новата македонска влада го навредува, туку го интересира како Македонија ќе се однесува кон Србија.

– Не би сакал да зборувам што мислам за Зоран Заев. Ниту сакам ниту можам да зборувам остро, иако тоа некои можеби го сакаат. Тој ја претставува втората партија по сила во Македонија. Ќе судиме во делата – изјави Вучиќ.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вчера во интервју за регионалната телевизија „Н1“ изјави дека е непријатен начинот на кој Србија ги коментира случувањата во Македонија, но дека ќе се труди да има добри односи со Белград.

„Вучиќ водеше кампања и буквално на секој од своите настапи зброуваше за некакво „македонско сценарио“. За жал, мене ми беше непријатно за слушање како нашиот сосед зборува за Македонија“, рече Заев.

Вучиќ денеска додаде и дека не му пречи „кога Заев го навредува“, туку дека „единствено го интересира Србија да ја остават на мира“.

– Не сакам да ги коментирам односите во Македонија. Мене не ми пречи што ме навредуваше, за мене е важно како ќе се однесувате (мисли на Македонија, н.з.) кон Србија. Ако сум ја критикувал Македонија, тоа сум го направил затоа што гласаше за влегување на Косово во УНЕСКО – рече Вучиќ.

Во врска со можноста Рамуш Харадинај, кого Србија го товари за воени злосторства, да биде новиот косовски премиер и главен преговарач во дијалогот меѓу Белград и Приштина во Брисел, Вучиќ изјави дека тоа би било понижување и за ЕУ. Тој додаде дека останува да се види што ќе се случи на изборите на Косово, „каде има две коалиции, едната во која се поранешните водачи на ОВК и другата – „американска“ – на чело со Беџет Пацоли, додека „Србија и српскиот народ треба да се гледаат себе“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...