fbpx

Вучиќ: Ќе имаме на ум дека на Македонија приоритет и е Косово пред Србија

-

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека со гласањето за прием на Косово во Интерпол, Црна Гора и Македонија покажале дека Приштина им е многу поважна отколку Белград и додаде дека Србија во иднина ќе се однесува „одговор и сериозно, но во согласност со ситуацијата“.

– Ние таа порака добро ја разбравме. Сакаме добра основа, но ги сфативме нивните приоритети – рече Вучиќ по повод барањето на министерот за одбрана, Александар Вулин, Белград да го промени својот став спрема Црна Гора и Македонија и поради поддршката за учество на Косово во Интерпол.

Вулин во соопштение до јавноста го повика Вучиќ „да го промени односот спрема Црна Гора и Северна Македонија и да им покаже дека пријателството со Србија мора да се заслужи“. Тој оцени дека Подгорица и Скопје го поддржале „влегувањето на косовскиот нарко картел“ во полициска организација и „застанале на страна на Косово свесни дека со тоа ја навредуваат Србија.

„Црна Гора и Северна Македонија не гласаа за Косово, туку гласаа против Србија. Нивните гласови не ја променија одлуката на Собранието на Интерпол, но треба да го променат односно на Србија спрема нив. Претседателот Вучиќ во владите на Црна Гора и Северна Македонија нема искрени соговорници, а Србија нема пријатели“, наведе Вулин во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...