fbpx

Вучиќ: Јас да дадам изјава како Хашим Тачи, странците би ме обесиле на Теразије

-

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска ја обвини меѓународната заедница за двојни стандарди бидејќи, како што изјави, не ги третира на ист начин изјавите на водечките политичари од Србија и од другите земји во регионот.

По состанокот со високата претставничка за надворешна и за безбедносна политика на Европската Унија, Вучиќ се осврна на изјавата на претседателот на Косово, Хашим Тачи, кој рече дека Албанците во Македонија треба да ја земат судбината во свои раце и оцени дека слична изјава од страна на Вучиќ не би била толерирана од меѓународната заедница.

Тој потсeти дека во Босна и Херцеговина или во Црна Гора има околу 30 отсто српско население и праша каква би била реакцијата на меѓународната заедница доколку тој изјави дека Србите во овие земји треба да ја земат судбината во свои раце.

– Да кажев јас дека Србите во Босна треба да ја земат судбината во свои раце, ќе ме обесеа на Теразије – рече Вучиќ, додавајќи дека очигледно станува збор за двојни стандарди, на кои ѝ укажал и на Могерини, за време на средбата, на која во најголем дел се разговарало за ситуацијата во регионот.

Вучиќ рече и дека некои политичари од соседните земји „не се однесуваат цивилизирано“ и дека е загрижен бидејќи нема никакви реакции, додавајќи дека во случај тој да даде такви изјави, на Србија ќе ѝ воведат санкции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...