fbpx

Вучиќ и Јанковиќ ги поднесоа кандидатурите за претседател на Србија

-

Два дена по распишувањето на изборите во Србија, до Републичката изборна комисија се поднесени потписи за двајца кандидати: актуелниот премиер Александар Вучиќ, кого го кандидира владејачката коалиција, и досегашниот народен правобранител, Саша Јанковиќ, кој се смета за кандидат на проевропската граѓанска опозиција.

Собраните 17.866 потписи за кандидатурата на Саша Јанковиќ ги поднесе поранешниот селектор на кошаркарската репрезентација на Србија, Душан Дуда Ивковиќ, со претставниците на групата граѓани „За Србија без страв“, а присуствуваше и Јанковиќ, кој на новинарите им рече дека е уверен дека ќе ја врати смислата на институциите во Србија.

Потписите за поддршка на кандидатот на владејачката Српска напредна странка, Александар Вучиќ, е поднесена вчера околу пладне. Собрани се околу 59.000 потписи, а на предавањето присуствуваа функционер на СНС и неговиве коалициски партнери, меѓу кои и лидерот на социјалистите, Ивица Дачиќ. Вучиќ не присуствуваше на предавањето на кандидатурата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...