fbpx

Вучиќ демантира: Уште не сум добил орден од Путин

-

Два дена откако голем број српски медиуми блиски до актуелната власт објавија помпезно дека рускиот претседател Владимир Путин го одликувал својот српски колега Александар Вучиќ со орденот „Свети Александар Невски“, кој не бил доделен на ниту еден друг српски државник по Никола Пашиќ, се дозна дека тоа не е вистина.

Имено, рускиот претседател на потпишал таков указ, а информацијата за одликувањето ја демантираше и претседателот на Србија, кој рече дека не добил таков орден, но и дека постои можност тоа да се случи.

Одговарајќи на прашања на новинарите, Вучиќ денеска рече дека сè уште не добил орден од Путин, но дека е горд на таквата можност, како и дека тоа за него би било огромна сатисфакција.

Весникот „Вечерње новости“, потоа „Информер“ и други медиуми блиски до власта објавија на 29 октомври дека рускиот претседател донел указ за одликување на Вучиќ, истакнувајќи дека „одлуката на лидерот на најголемата држава на светот тоа признание да му го додели на Вучиќ најдобро говори за односот на рускиот лидер кон шефот на српската држава“.

Исто така медиумите наведуваа дека Путин би можел да му го врачи орденот на Вучиќ на 15 јануари следната година во текот на посетата на Србија, чии детали уште се дефинираат.

За наводниот орден Вучиќ зборуваше и во вчера објавеното интервју за српската верзија на руската новинска агенција „Спутњик“. На прашањето како гледа на гестот на рускиот претседател да му додели орден „што не се дава често и многу значи“, Вучиќ одговори дека „бил многу горд кога слушнал за таа можност“.

– Да бидам искрен, уште целосно не верувам, макар што од официјална позиција добив потврда дека е можно да го  добијам орденот „Александар Невски“. Ќе ја чекам средината на јануари кога претседателот Путин доаѓа во Србија – вели Вучиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...