fbpx

Вучиќ: Борбената готовност подигната таму каде што треба

-

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, вчеравечер по седницата на Бирото за координација на службите за безбедност на Србија, посветена на ситуацијата во Македонија, порача дека Србија е мирна и стабилна, но и дека е подготвена да одговори на секој предизвик. Тој појасни дека се направени некои тактички промени на безбедносните сили и дека е подигната борбената готовност таму каде што треба.

Српскиот премиер смета дека Србија дејствувала смирувачки кон сè што се случува во Македонија.

– Повикавме на мир во Македонија оти тоа се однесува и на нас – вели Вучиќ, нагласувајќи дека Србија за Македонија во минатото направила повеќе од другите соседи, иако не ѝ било секогаш вратено со иста мера.

Тој рече оти видел колку луѓето во Србија се исплашиле поради случувањата во Македонија и истакна дека Србија нема да дозволи прогон ниту истребување на дел на својот народ на која било територија.

– Никого никогаш нема да го гибаме, ги почитуваме интегритетите и на БИХ и на Хрватска и на Македонија и на Албанија… Убеден сум дека нашата сила и нашата одбранбена моќ ќе бидат пропорционални на нашата економска соработка – вели српскиот премиер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...