fbpx

Вучиќ апелираше до Србите од Косово да избегнат конфронтација

-

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ порача Србите на Косово да дадат се од себе, за да спречат конфронтација и сите заедно по мирен пат и со дозволени политички средства да се борат за своите интереси, јавува дописничката на „Мета“ од Белград.

Оваа изјава на Вучиќ следува откако Косово го зголеми данокот за увоз на српски производи од 10 на 100 отсто.

На состанокот со претставниците на Србите од Косово, Вучиќ рече дека „Белград ќе продолжи да ја следи ситуацијата и дека Србите треба да знаат дека нема да бидат оставени на милост и немилост, но изразил надеж дека никому нема да му падне на памет да применува насилство.“

Вучиќ изјавил дека имал информации за движење на „албански трупи“ од две бази спрема северот на Косово и претпоставува дека „или покажуваат мускули или го контролираат нелегалниот премин за да спречат влез на српска роба“.

Тој додаде дека со воведување на данокот, „косовските Срби остануваат без производи од Централна Србија, но и без медицински материјал за болниците“.

Сцените со палење на робата од Србија во Качаник, српскиот претседател ја споредил со сцени од палење на еврејски книги во нацистичка Германија.

Во однос на изјавата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, дека Косово нема да го укине данокот се додека Србија не ја признае независноста на Косово, Вучиќ изјавил дека „мора да се подготват за долга и тешка борба, бидејќи тие нема да ја признаат независноста“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...