fbpx

Втората црна кутија потврди дека Лубиц намерно го урнал авионот

-

Втората црна кутија на „ербасот“ на „Џерманвингс“, кој минатата недела падна на француските Алпи, потврди дека копилотот Андреас Лубиц намерно го урнал авионот, со што со себе во смрт однел уште 149 лица, потврди француското Биро за истраги и анализи за безбедност во цивилната авијација (БЕА).

Во извештајот на БЕА се наведува дека копилотот користел автоматски пилот за да го доведе авионот во состојба на брзо спуштање кон висината од 100 метри.
Пилотот ги променил автоматските поставки на патот за време на слетувањето и ја зголемил брзината, покажуваат податоците од втората црна кутија, која содржи технички податоци за летот.

Податоците од првата кутија, на која се забележани разговорите во кокпитот, покажуваат дека Лубиц ја заклучил вратата кога пилотот излегол надвор, а потоа го однел авионот во положба за да удри во планината.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...