fbpx

Втора поплава во Лакавичко за еден месец

-

Триесетина семејни и викенд-куќи се поплавени изминатиот викенд во лакавичкото поле кај Штип. Врнежите не беа многу интензивни, меѓутоа, испуштањето на водата од браната Мантово придонесе за втора поплава во еден месец во овој крај. Жителите низ солзи раскажуваат дека водата надошла сред ноќ, додека спиеле.

– Се разбудив ноќта околу два часот и што да видам. Водата дошла до куќата. Поголем стрес не сум имал. Во куќата нема вода, но, има до куќата, на 15 метри од вратата. Од стоката што имавме, нема ништо. Само кал до колена.

– Кај мене водатa има однесено преку 20 тони жито. Тоа што го собиравме преку целата година, сега го нема. Храната за стоката е 100 отсто уништена. Треба еднаш веќе некој да се свести и да преземе нешто за овој народ – изјавија жители на Лакавичко.

Вознемирена жена раскажуваше како ноќеска водата ги изненадила бидејќи од никаде не биле информани дека ќе се испушта водата од Мантово.
– Шталите и дворот ми се полни со вода. Само да се исчисти речното корито, не сакам никаква отштета да ми се плати. Штетата ми е огромна и никој не може да ја плати. Само јас може да ја платам со кожа – изјави жителка на Лакавица.

Oд браната Мантово превентивно било испуштени 14 литри вода во секунда. Првиот човек на Кризниот штаб во Штип, Тоше Ѓоргиев, не гледа одговорност кај штабот за поплавите и, како што велат жителите, за неинформираноста.

– Во саботата бевме известени од директорот на „Водостопанство – Радовишко поле“ дека ќе има испуштање на водата од браната. За испуштањето беше соопштено преку медиумите – изјави Ѓоргиев.

Жителите на Лакавичко вторпат оваа година, за неполн месец, се соочија со поплавите. Животот покрај реката за нив носи страв, неизвеснот, а сè поизвесно и сиромаштија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...