fbpx

Втор меѓународен симпозиум за земјоделство и за храна во Охрид

-

Климатските промени се главниот фактор што во иднина најмногу ќе го погоди земјоделството, а со тоа ќе влијае директно и врз производството на квалитетна храна, сметаат учесниците на Вториот меѓународен симпозиум за земјоделство и за храна, кој се одржува во Охрид.

– На овој втор симпозиум, ние ги обединивме во една платформа досегашните научни трудови, при што одговорите за влијанието на климатските фактори кои сè почесто ни се случуваат во светски рамки, ќе треба да ги дадат земјоделските инженери и сите научници што работат во областа на земјоделството и на храната – нагласи деканот на Факултетот за земјоделство при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Драги Димитриевски.

Македонија не е имуна на климатските влијанија што го зафатија целиот свет, сметаат експертите.

Учесници на овој симпозиум нагласија дека светот се соочува и со сè поголем недостиг од вода, која, исто така, влијае врз земјоделството и врз храната.

– Светот се соочува со промена на достапноста на водата и кога водата во одреден дел од светот ќе се намали, може да има голема промена врз целокупниот процес. Второ нешто со што се соочуваме е дека насекаде во светот има екстремни настани, односно големи поплави кои носат многу дожд и вода на едно место, што лошо влијае врз земјоделските култури. Некои научници веќе развиваат нови култури што може да издржат многу вода или обратно, но и многу светлина и слично. Трета работа што може да ја донесат климатските промени е нова болест на растенијата, напад на инсекти и мислам дека истражувачите треба да обрнат поголемо влијание на овој дел – рече професорот од САД, Рамиш Калиот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...