fbpx

Втор круг на локални избори, се гласа за градоначалници на 35 општини

-

Денеска се одржува вториот круг од локалните избори во Македонија и ќе се гласа на 1.517 избирачки места во 35 општини, каде право на глас имаат 833.710 граѓани.

Во Скопје ќе се гласа на 387 избирачки места, а право на глас имаат 260.194 граѓани во општините каде што во овој круг се избира градоначалник, а тоа се Бутел, Кисела Вода, Гази Баба, Сарај, Чаир и Шуто Оризари. Во другите 29 општини во Македонија, во вториот круг ќе гласаат 573.616 граѓани на 1.130 избирачки места.

Во сите избирачки места, гласањето почна навреме, во 7 часот, и ќе трае до 19 часот. Прес-конференциите на Државната изборна комисија се закажни за во 11, 14, 18 часот, а по 19 часот резултатите ќе се следат во живо на нивната веб-страница.

ДИК, за вториот круг од локални изборите, акредитираше 5.101 домашни и 473 странски набљудувачи, како и 20 странски новинари.

Граѓанската асоцијација „Мост“ изборите ќе ги следи со повеќе од 1.000 набљудувачи и нивните прес-конференции се закажани за 9.30, 13, 17 и 20 часот.

На завршните митинзи пред да настапи изборниот молк, лидерите на најголемите политички партии повикаа на фер и демократски избори и во вториот круг на гласањето.

Во првиот круг на локалните избори беа избрани градоначалници на Градот Скопје и на 45 општини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...