fbpx

Втор ден тетовската вода е заматена

-

Водата од тетовскиот градски водовод втор ден е неисправна за пиење. Последните направени мерења покажале заматување, поголемо од дозволените граници.

Од Центарот за јавно здравје Тетово велат дека на едно мерно место заматеноста изнесува 1,6 единици, а дозволено е 1,5 единици на заматеност, па затоа не ја препорачуваат за пиење.

– Се врши редовна дезинсекција на водата каде има присуство на хлор во доволни количества и тоа ни дава право да се надеваме дека конечните резултати ќе покажат дека водата е чиста – изјави д-р Ратко Давидовски, специјалист по хигиена и здравствена екологија, вработен во Центарот за јавно здравје Тетово.

Оттаму велат дека заматеноста на водата е резултат на градежни работи, кои се изведуваат на туристичкиот центар Попова Шапка, каде се наоѓа еден од изворите од кои Тетово се снабдува со вода за пиење.

Моментално во центарот се запрени градежните активности, сè до нормализирање на состојбата со водата за пиење.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...