fbpx

Втор ден комисиската расправа за уставните измени

-

Собраниската Комисија за уставни прашања денеска треба ќе ја одржи втората седница на која се расправа за уставните измени кои произлегуваат од Договорот од Грција.

Расправата почна завчера, но ставовите на власта и опозицијата не се променија. Власта смета дека ова е неповторлива шанса за напредок на Македонија и членство во ЕУ и НАТО, а опозицијата тврди дека процесот е неуставен.

Премиерот Зоран Заев вчера повторно апелираше да се надминат партиските и политичките предрасуди и да се внимава на иднината на државата.

– Очекувам да се изнајде храброст, да се надминат партиските и политичките предрасуди, спреги и да се внимава на иднината на државата, зашто оваа шанса е неповторлива. Одлуката што ја носиме е со огромна одговорност и важност за иднината на граѓаните. Верувам дека сите ние, пред се и над се, ќе мислиме на нашата држава, на децата и на генерациите кои доаѓаат по нас – истакна премиерот.

Раправата по предлогот за пристапување кон измена на Уставот во Комисијата, согласно член 196 од Деловникот, може да трае најмногу десет работни дена. Членовите на Комисијата за уставни прашања и пратениците во текот на претресот може да зборуваат повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координаторите на пратеничките групи вкупно 30 минути. Претставникот на предлагачот во претресот, пак, може да говори повеќе пати, но не повеќе од 30 минути вкупно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...