fbpx

Врховниот суд на Русија укина затворска казна на опозициски активист

-

Врховниот суд на Русија денеска ја поништил пресудата со која опозицискиот активист Илдар Дадин беше осуден на две години затворска казна поради кршење на законот за јавни собири.

Судот, како што јавуваат светските медиуми, наредил ослободување на Дадин, со што судскиот процес за неговиот случај е и официјално завршен.

Дадин во декември 2015 година беше осуден на две години затвoр поради кршење на новиот закон за јавни собири, донесен во 2014 година.

Со законот драстично беа зголемени казни за тие што повеќепати се приведувани поради учество на неодобрени протести.

Групите за заштита на човековите права ја критикуваат пресудата со која Дадин беше осуден на затворска казна, истакнувајќи дека тој е политички затвореник, кој бил вклучен во ненасилни протести.

Засега не се знае кога Дадин ќе биде пуштен на слобода, ниту дали тој ќе бара отштета за времето поминато во затвор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...