fbpx

Врховниот суд денеска ќе одлучува по жалбите на осудените во „Монструм“

-

Врховниот суд на Република Македонија денеска на јавна седница треба да одлучува по жалбата на шестемина осудени во случајот „Монструм“, кои добија доживотни затворски казни за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро пред пет години.

Седницата е закажан во 11 часот, а ќе се одржи во големата сала на Врховниот суд. Инаку, највисокиот суд во земјава овој предмет го стави на дневен ред и ја закажа седницата 15 месеци откако одбраната на осудените поднесе жалба на пресудите на Кривичниот и на Апелацискиот суд Скопје.

Кривичниот суд на 30 јуни 2014 година ги осуди шестемина обвинети на доживотни казни затвор, а Апелацскиот суд Скопје во декември 2015 година ги одби жалбите на одбраната и ја потврди пресудата на првостепениот суд.

Двајца од осудените, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, сè уште се на Косово, а тамошните власти одбија да ги екстрадираат во земјава.

Убиството на четирите момчиња и на средовечен маж се случи на Велики четврток во април 2012 година, кај Смиљковско Езеро.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...