This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Tue Oct 24 0:16:33 2017 / +0000 GMT

Врховен суд: Прво да образложат, па после ќе добијат увид во списите за Грујовски и за Бошковски




Прво Советот за утврдување на факти писмено да го образложи барањето за пристап до списите од предметите „Таргет“ и „Тврдина“, а потоа Врховниот суд ќе определи време и простор, соопштиле од судот за државната новинска агенција МИА.

Реакцијата на судот следи откако Советот денеска обвини дека на членовите на комисијата која истражува дали судиите кои одлучувале по барањата за притвори на Горан Грујовски и на Никола Бошковски денеска не им било дозволено да влезат во Врховниот суд, по наредба на претседателот на судот Јово Вангеловски.

– Во време на одржување на јавна седница по повод жалба против пресуда за доживотен затвор, ниту безбедносно ниту технички е можно извршување на активности на Советот - рекле од Врховен суд, додавајќи дека Советот навремено писмено бил известен и дека на неговите претставници ќе им биде определен термин за прием во судот во согласност со прописите.

Од Врховниот суд навеле дека целокупната писмена кореспонденција помеѓу Врховниот суд и Советот за утврдување на факти е доверлива и дека изнесувањето содржини од писмената кореспонденција со ознака „доверливо“ од страна на Советот претставува кривично дело.
Post date: 2017-09-13 15:59:46
Post date GMT: 2017-09-13 13:59:46
Post modified date: 2017-09-13 16:21:22
Post modified date GMT: 2017-09-13 14:21:22
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com