fbpx

Врховен суд ја одложи јавната седница за „Монструм“ за 12 септември

-

Врховниот суд ја одложи јавната расправа за случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро, поради неисполнување на законски претпоставки и ја презакажа за 12 септември.

Адвокатите појаснија дека и јавниот обвинител претходно бараше одложување на неопределено време за да може Врховниот суд да ги прибави доказите и новите факти кои веројатно ги поседува Специјалното јавно обвинителство.

Судот претходно двапати ја одложи оваа седница, која првин требаше да се одржи на 30 мај, па беше презакажана и повторно одложена на 9 јуни, бидејќи дел од адвокатите на обвинетите беа на боледување.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, на денешната прес-конференција, изрази надеж дека Советот на јавни обвинители ќе му ги достави на СЈО материјалите за овој случај.

– Се надевам дека Советот на јавни обвинители ќе ни ги достави материјалите. Законот е јасен, во рок од осум дена од преземањето на предметот ќе одлучам дали сум надлежна или не. Мислам дека има многу предмети кои требало да бидат тука, а не се отворени во овој период. Како ќе се одвива работата на ова обвинителство, одлучувам јас. Не одлучив и да отворам постапка и за „Скопје 2014“ кој е голем предмет и во кој се загрозени правата на сите граѓани. Нашата работа трае и 1 јули за нас не значи ништо. Мандатот ни трае пет години и ние ќе работиме – рече Јанева.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...