Врховен суд ги одби барањата на одбраната на Груевски за изземање на судиите во „Титаник“


       
Скопје, 2 мај, 2018 - 16:31 (META) 

Врховниот суд ги отфрли барањата на одбраната на поранешниот премиер Никола Груевски и останатите 20 обвинети за изземање на судиите во случајот „Титаник“ на СЈО.

„Врховниот суд постапувајќи по барање на одбраната за изземање на в.д. претседателот на Апелациониот суд – Скопје, Лидија Димчевска, на 27 април донел решение со кое барањето се одбива како неосновано. Врз основа на ова решение, а постапувајќи по барање на одбраната за изземање на претседателот на Основниот суд Скопје 1, Иван Џолев, в.д. претседателот на Апелациониот суд на 30 април, донел решение со кое барањето на одбраната се отфрла како недозволено. Сите решенија се експедирани до странките во постапката“, се вели во соопштението.

Денеска рочиштето за случајот „Титаник“ беше одложено за 9 мај бидејќи до почетокот на судењето не беа стасани одлуките на Врховен и Апелација за изземањето на судиите.