fbpx

Врховен суд денеска одлучува за притворите на Грујовски, Јакимовски и на Бошковски

-

Во Врховниот суд денеска на затворена седница ќе се одлучува за жалбите на Горан Грујовски, Тони Јакимовски и на Никола Бошковски, на кои Апелацискиот суд Скопје им одреди мерка притвор.

Апелацискиот суд на тројцата обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство, им определи притвор уважувајќи ја жалбата на СЈО против одлуката на Кривичнот суд, кој како мерка на претпазливост им ги одзеде пасошите.

Грујовски, кој е поранешен началник на петтата управа, Јакимовски – поранешниот шеф на кабинет на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, и Никола Бошковски – вработен во УБК, досега се единствените обвинети во случаите на СЈО на кои Апелацискиот суд им одреди притвор.

Грујовски, Јакимовски и Бошковски во предметите „Тврдина“ и „Таргет“ се товарат за прислушување и за уништување на доказите за прислушувањето.

По нивните жалби денеска треба да одлучува Кривичниот совет на Врховниот суд, со кој претседава претседателот Јово Вангеловски, а членови се судиите Ристе Катевеновски, Фаик Арслани, Џемали Саити и судијката Рахилка Стојковска, која била на боледување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...