fbpx

Времето променливо облачно со слаб снег и умерен ветер

-

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Во крајните западни делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Дневната температура ќе изнесува меѓу 1 и 13 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе достигне до 2 Целзиусови степени, а дневната до 8 степени.

Врнежи од снег со слаб до умерен интензитет во западните и јужните делови ќе има и утре.

Потоа времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. Нови врнежи се очекуваат кон почетокот на наредната работна недела

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик....