Времето променливо облачно, попладне можен пороен дожд и грмежи


       
Скопје, 11 мај, 2018 - 9:26 (META) 

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен, а попладне од променлив правец.

Утринската температура се движи од 8 до 16 Целзиусови степени, а највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 21 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Температурите ќе се движат од 14 до 25 Целзиусови степени.